Top Sport

Овие шест екипи се пласираа во плеј-офот во Евролигата

И покрај тоа што се уште не е комплетирано претпоследното коло во Евролигата, познати се шестет екипи кои изборија пласман во плеј-офот. Последното коло ќе го даде одговорот на прашањето кои четири тима и по кој редослед ќе играат плеј-ин.

Директен пласман во плеј-офот изборија: Реал Мадрид, Монако, Барселона, Панатинаикос, Олимпијакос и Фенербахче.

Конечниот распоред ќе биде познат по одигрувањето на последното коло, сигурно е само дека Реал Мадрид регуларниот дел од сезоната го завршува на првото место.

Макаби ќе заврши на седмото место и ќе ја има предноста од домашниот паркет во плеј-ин, во кој сигурно ќе биде и Виртус.

За уште две места во плеј-офот конкурираат Басконија, Ефес, Партизан и Олимпија Милано.

Scroll to Top