Top Sport

„Падот“ на Стив Френсис

Поранешната НБА ѕвезда, Стив Френсис беше уапсен за алкохолизираност на јавно место во Бурбенк, Калифорнија, јавија повеќе американски медиуми.

Полицијата од Бурбенк потврди дека реагирала на повик за проблематичен гостин во бар во еден хотел, по што Френсис бил однесен во полициска станица и пуштен во понеделникот наутро.

Френсис, кој трипати беше дел од НБА ол-стар тимот, претходно овој месец имаше есеј во „Плејерс трибјун“, весникот на НБА играчите зборувајќи за неговото проблематично детство, дрогите и алкохолот.

„Што се случи со Стив Френсис? Пиев многу, тоа се случи. И тоа може да биде многу лошо. За неколку години  ја загубив кошарката, мојот идентитет, мојот очув, кој се самоуби“, напиша Френсис.

41-годишниот Френсис беше дебитант на годината во НБА во 2000, ставајќи крај на кариерата во 2007/08 со тимот на Хјустон рокитс. Тој претходно играше за Орландо и Њујорк никс.

Scroll to Top