Top Sport

Панатинаикос го ангажираа Килпатрик

Кошаркарскиот клуб Панатинаикос потврди дека Американецот Шон Килпатрик потпишал договор до крајот на сезоната.

Новиот тренер на „зелените“ од Атина, Рик Питино, веднаш по доаѓањето на функцијата, побара од клупските челници да му донесат засилување на бековската позиција, кој ќе биде алтернатива за Ник Калатес.

Желбата на Питино беше токму Килпатрик, играч со исклучително НБА искуство. Клупските челници на крајот му ја исполни желбата на тренерот.

Килпатрик има одиграно 157 натпревари во НБА лигата, на кои просечно бележел 10,3 поени и 2,7 скока.

Панатинаикос, во досегашниот тек од Евролигата има скор од седум победи и девет порази.

Scroll to Top