Настапот на Никола Јокиќ во третиот меч од полу-финалната серија на Западот, против Лос Анџелес Клиперс е неизвесен, објави ЕСПН.
Српскиот репрезентативец во вториот меч го предводеше својот тим со 26 поени и 18 скокови до победата 110:101. Резултатот во серијата е 1-1. Центарот на Денвер на овој натпревар го повредил скочниот зглоб на десната нога, поради што бил незивесен неговиот настап во третата средба.
Третиот меч на програмата е во ноќта помеѓу понеделник и вторник.
Во досегашниот тек на плејофот Јокиќ има просек од 25 поени, 8,7 скока и 5 асистенции по натпревар.