Капитенот на Партизан, Кевин Пантер ќе го напушти клубот од Белград и покрај тоа што има договори и за следната сезона. Спортклуб, повикувајќи се на свои извори објави дека Пантер постигнал договор со Макаби Тел Авив. Пантер е првиот странец капитен во историјата на клубот.
„После три сезони дојде време Партизан и Кевин Пантер да се разделат. Капитенот на Партизан и Макаби од Тел Авив постигнаа ги договорија финанските детали, така што Американецот со српски пасош ќе го напушти Белград по три сезони минати во црно-белиот дрес и ќе го засили најтрофејниот израелски клуб“, пишува Спортклуб.
Изворот на Спортклуб, открил дека Пантер се откажал од последната плата од договорот за сезоната 2024/25, по што добил дозвола од Партизан да потпише за нов клуб.
Пантер, роден њујорчанец од Бронкс, не беше избран на драфтот во 2016 година, по што реши да се пресели во Европа и во претходните осум години играше за Лаврио, Антверпен, АЕК Атина, Виртус, Олимпијакос, Црвена звезда, Олимпија Милано и Партизан.
Партизан е единствениот клуб каде остана подолго од една сезона.