Top Sport

ПАО може да замине од Евролигата, но прво треба да плати 10 милиони евра

Панатинаикос оваа недела јавно побара да им се дозволи заминување од Евролигата со предавање на нивната лиценца и акциите кои ги имаат во натпреварувањето, меѓутоа тоа нема да оди така лесно.

Иако правилата на лигата дозволуваат откажување на лиценцата, уште е важечки 10-годишниот договор кој го потпишаа 11-те клуба кои имаа долгорочни лиценци, во кој пишува дека грчкиот клуб мора да плати 10 милиони евра за предвремено напуштање.

Ако Панатинаикос се реши да оди на суд, за оваа одлука ќе треба да се почека, а во исто време Евролигата може да оди со контра-тужба за барање на отштета од клубот.

Уште еден интересен детаљ е тоа што ако Панатинаикос реши да замине без да ја плати оваа клаузула и сака да ги продаде лиценцата и акциите, тогаш ќе треба да добие одобрување од сите овие 11 клуба кои имаат договор.

Панатинаикос официјално ја напушта Евролигата

Scroll to Top