Top Sport

Драма на „Месталја“ – Леванте со пенал во 98. минута спаси реми (видео)

Валенсија и Леванте одиграа 1:1 на „Месталја“ во дербито на градот, откако прво Валенсија во 90-тата минута го „скрши“ отпорот на гостите, пред Леванте да постигне гол во 98. минута за изненадувачко реми на „Месталја“.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди имаше одлична шанса да донесе изненадувачко водство на гостите, но Валенсија имаше повеќе шанси во првото полувреме, вклучувајќи еден удар во гредата.

Кога се мислеше дека дербито ќе заврши без голови, по една брза акција на Валенсија, Родриго се најде на вистинското место за гол за „лилјаците“. Меѓутоа, тука не беше крајот – Леванте доби пенал во 98. минута, кој Мелеро го реализираше за важен бод во борбата за опстанок

Со поенот, Валенсија е на седмото место на табелата со 43 поени, два помалку од  шестопласираниот Атлетико Мадрид, додека Леванте се на 12. место со 34 поени.

Scroll to Top