Top Sport

ПАО супериорно до првото евролигашко финале од 2011 година

Кошаркарите на Панатинаикос со победата над Фенербахче со 73:57 (22:13, 16:23, 18:14, 17:7) изборија пласман во финалето на завршниот турнир во Берлин. За зелените ова е прво финале по 2011 година кога и последен пат учествуваа на завршниот турнир.

Панатинаикос од почетокот успеа да го наметне својот ритам, ја искористи нервозата кај противникот и по пет минути игра поведе со 12:0. Од тој момент Фенербахче с обидувапе но никако не успеа да ги стигне зелените.

До полувремето Фенер намали на два поени (38:36), во финишот на третиот период се доближи на поен негатива (51:50), но Панатинаикос го одби тој налет, четвртината ја затвори со неверојатната тројка на Калаицакис за 56:50.

Во решавачката четвртина, одбраната на Панатинаикос ги реши сите дилеми околу конечниот победник.

Лесор го предводеше ПАО со 17 поени и 10 скока, двоцифрени беа и Нан со 14 и Грант со 13 поени. Најефикасен во поразениот тим беше Хејс-Дејвис со 14 поени, двоцифрени беа со по 10 поени Гудуриќ и Сестина. Разочара Вилбекин кој постигна само два поени.

Вториот финалист ќе биде познат по одигрувањето на дуелот меѓу бранителот на титулата Реал Мадрид и Олимпијакос.

Scroll to Top