Top Sport

Партизан го „декласираше“ лидерот Монако, Виртус со голема победа во Барселона

Партизан стигна до импресивна победа од 100:80 над лидерот на Евролигата, Монако во дуел на двајца тренери со презиме Обрадовиќ (Саша на клупата на гостите и Жељко на клупата на „црно-белите“).

Монако има подобар старт на мечот, но потоа Пантер и Лесор ги „кренаа“ Партизан за да донесат и 13 поени предност в првата четвртина. Монако се врати во втората четвртина, за Партизан да отиде со поен предност на полувреме (48:47), за конечно во последната четвртина да доминираат „црно-белите“, а Монако да нема сили за нов камбек.

Ова беше осми триумф во 17 кола за Партизан оваа сезона, додека Монако не успеа да остане сам на првото место на Евролигата и сега се израмнети со Басконија и Барселона. Матијас Лесор заврши со 21 поен и 8 скока, Пантер додаде 19, додека кај Монако, Ели Окобо заврши со 17 поени.

Виртус Болоња стигна до импресивна 83:75 гостинска побда кај Барселона во 17. коло од Евролигата, предводени од одличниот финиш на српскиот ветеран Милош Теодосиќ.

Виртус имаше одличен старт на мечот и направи предност од 13 поени, но каалонскито клуб до полувремето, за во третата четвртина да прејде во водство.

Но, потоа италијанскиот тим ја презеде повторно контролата, а во финишот проработе и Теодосиќ, кој постигна осум поени во последните две четвртини и имаше шест асистенции. Лундберг беше најефикасен за Виртус со 20 поени, Оџелеј имаше 16, додека кај Барселона, Јан Весели имаше 12 поени. По 17 кола, Барселона има 11-6 скор, додека повратникот во Евролигата, Виртус го подобри скорот на 8-9.

ЕВРОЛИГА, 17.КОЛО
Алба Берлин – Басконија 85:84 (27:20, 27:28, 23:19, 8:17)
Жалгирис – Фенербахче 86:66 (21:15, 20:15, 26:10, 19:26)
Барселона – Виртус Болоња 75:83 (15:26, 24:16, 18:18, 18:23)
Баерн Минхен – Панатинаикос 84:68 (21:11, 22:17, 18:16, 23:24)
Паратизан – Монако 100:80 (26:17, 22:30, 21:21, 31:12)


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top