Top Sport

Партизан испушти да победи во Евролига по осум години, Басконија славеше по продолжение

Партизан по осум години е повторно во Евролига, а вечерва можеше да ја оствари и првата победа, на гости против Басконија. Имаше три поени предност на крајот од регуларниот тек, но Маркус Хауард буквално во последната секунда постигна тројка за израмнување. На крајот, Басконија славеше по продолжение со 103:96.

Хауард постигна 30 поени во редовите на Басконија.

Фенербахче го совлада Макаби Тел Авив со 86:71. Марко Гудуриќ со 23 поени беше најефикасен во турскиот тим.

Олимпијакос беше сигурен против Жалгирис и победи со 90:80. Александар Везенков постигна 23 поени во победничкиот тим.

Алба Берлин славеше на гости против Олимпија Милано со 74:80.

Scroll to Top