Top Sport

Партизан ја освои АБА лигата

Кошаркарите на Партизан ја победија Будуќност од Подгорица во четвртиот натпревар од финалето на АБА лигата и ја освоија шампионската титула.

Партизан против Будуќност победи со 90:75 и ја освои рекордната осма шампионска и повторно стана најтрофејниот тим во историјата на АБА лигата. На тронот црно-белите го наследија градскиот ровал Црвена звезда.

Партизан од средишницата на втората четвртина ја презеде контролата и врз играта и врз резултатот. Будуќност во ниту еден момент не успеа да му се закани на новиот шампион.

Брендон Дејвис беше најефикасен со 18 поени и 4 скока, додека Стерлинг Браун имаше 18 поени, 2 скока и 3 асистенции, а Карлик Џонс 17 поени, 4 скока и 9 асистенции. Двоцифрени со по 13 поени беа и Исак Бонга и Ифе Лундберг.

На другата страна, 23 поени постигнаа Јоги Ферел, 14 Никола Танасковиќ, а по 11 Кенан Камењаш и Рашид Сулејмон.

Scroll to Top