Top Sport

Партизан ја потврди оставката на Жељко Обрадовиќ

Кошаркарскиот клуб Партизан објави писмо од Жељко Обрадовиќ упатено до јавноста во кое тој се збогува со црно-белите.

Официјално – Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на Партизан и клубот го потврди ова со објавување на писмото на најтрофејниот тренер во Европа, кое тој го испрати до сите навивачи и јавноста.

Го објавуваме писмото во целост и без редакциски измени:

„Драги навивачи на Партизан,

Пред четири и пол години се вратив во мојот сакан клуб и тргнав заедно со вас да го живеам најубавиот сон. Имав желба и цел по 10 години нашиот Партизан повторно да стане дел од Евролигата, сите заедно успеавме во тоа.

Игрите на нашиот сакан клуб станаа нешто повеќе од кошарка, благодарение на вас кои сте најзаслужни за тоа. За жал, дојде моментот кога морав да ја преземам одговорноста за сите лоши работи што се случија оваа сезона и да поднесам неотповиклива оставка.

Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе што му помогнаа на нашиот клуб сите овие години, на претседателот на клубот и на сите членови на Управниот одбор, на сите луѓе од работната заедница на клубот, како и на сите спонзори.

Многу сум благодарен на сите играчи што беа со нас во овие четири и пол години, на членовите на мојот стручен штаб (многу пати сум истакнал, најдоброто што го имав) и секако голема благодарност до сите навивачи на Партизан! Ви благодарам за вашата безрезервна поддршка, почит и љубов што ни ја дадовте. мене сите овие години во секоја можност!

Секогаш еден од вас, вечно благодарен!

Жељко Обрадовиќ“, пишува тој во писмо објавено на официјалната веб-страница на КК Партизан.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');