Top Sport

Партизан му понуди на Макаби да игра Евролига во Белград

Воениот конфликт во Израел ќе го блокира спортот. Одложени се натпреварите од Евролигата и од Еврокупот, а српскиот клуб Партизан направи голем гест и му понуди на Макаби да ги игра натпреварите во Белград.

Раководството на „црно-белите“ има предлог израелскиот тим привремено да користи една од спортските сали во Белград, а истовремено да му биде обезбедено сместување и сите потребни услови за тренинг и натпревари.

Партизан на стартот на Евролигата загуби токму од Макаби Тел Авив во Израел.

Scroll to Top