По првите два меча од четврт-финалната серија во АБА-лигата, од кои првиот го загубија на домашен терен, а вториот го решија во последните секунди, фаворизираниот Партизан во „мајсторката“ со 112:82 (27:21, 30:17, 23:25, 32:20) го совлада Студентски Центар за добивање на серијата.
Тимот на Жељко Обрадовиќ, кој успеа да пропушти 2:0 водство од подоцнежниот шампион во Евролигата, Реал Мадрид во четврт-финалето, ќе игра против Цедевита Олимпија. Во второто полуфинале, Црвена звезда веќе има 1:0 предност против Будуќност.
Овојпат, победникот беше решен уште во првото полувреме, односно во одличната втора четвртина во која Партизан постигна 30 поени, за потоа рутински да стигне до висока победа. Џејмс Нанали уфрли 17 поени, додека Зек Ле Деј имаше 14 за белградскиот клуб, додека за СЦ Данило Тасиќ беше најефикасен со 12 поени.