Top Sport

Партизан се засили со поранешен играч на Црвена звезда

Поранешниот кошаркар на Црвена звезда, Матијас Лесор го засили најголемиот ривал на црвено-белите, Партизан.

Францускиот репрезентативец, сезоната ја почна во Макаби. Клубот од Тел Авив го ослободи од обврските откако му истече двомесечниот договор.

Со Партизан, овој 26-годишен кошаркар, потпиша договор до крајот на сезоната.

Лесот во кариерата играл за Монако, Уникаха, Баерн, Црвена звезда, Нантер и Шалон. Со Монако минатата сезона го освои Еврокупот, а со Франција дојде до бронзениот медал на СП во Кина во 2019 година.

Лесорт во 2017 година беше избран на НБА драфтот од страна на Филаделфија.

Scroll to Top