Според „Јурохупс“, српскиот Партизан, заедно со Валенсија и Витрус Болоња се првите кандидати да го заменат руското трио клубови (ЦСКА, Зенит и Уникс) во Евролигата од следната сезона.
Ова ќе зависи дали некој од тие три клуба ќе влезе во финалето на Еврокупот, но и без таков пласман нивните шанси да добијат покана се најголеми.
Евролигата ги суспендираше ЦСКА Москва, Зенит Санкт Петерсбург и Уникс Казан поради руската инвазија на Украина, со што се направија и промени во борбата за плејофот оваа сезона.
With the future of Russian clubs in question, Valencia, Virtus Bologna and Partizan are prime candidates to take open #EuroLeague spotshttps://t.co/jPvJTxF1O4
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) March 4, 2022