Пред крајот на преодниот рок во НБА имаше многу интересни трејдови, но Сан Антонио спарс не беа „погодени“ од тоа, сè додека ветеранот Пау Гасол не побарал формално да бид продаден.
Преодниот рок заврши во четвртокот, но Спарси не го продадоа Гасол бидејќи не бил пронајден „прикладен“ тим. Според „ЕСПН“, Гасол бил незадоволен во Тексас, но преговорите едноставно не завршиле добро за него.
Шпанецот нема многу време во составот на Спарси откако неговото место го презеде Јакоб Пелтл, а има уште едногодишен договор со Сан Антонио, за кој ќе заработи 16 милиони долари.
Во 26 настапи оваа сезона, Гасол има просек од само 12.5 минути на теренот и мизерни 4.4 поени по натпревар.
Фото: ЕПА