Top Sport

Пау Гасол заминал од Сан Антонио Спарс

Сан Антонио Спарс и Пау Гасол договориле спогодбен раскин на неговиот договор. Шпанскиот ветеран ќе си го откупи договорот, а потоа ќе потпише со Милвоки Бакс. Информацијата ја пренесе секогаш добро информираниот Адријан Војнаровски.

Искуството на Гасол добро ќе им дојде на Бакс, бидејќи тие во својот ростер немаат ниту еден играч со плеј-оф искуство. Пау Гасол има две титули во кариерата (2009, 2010).

Гасол (38) сам побарал да замине бидејќи оваа сезона речиси и да испадна од ротацијата во Сан Антонио.

Милвоски се најдобриот тим во лигата, во досегашниот дел од сезоната тие имаат 48 победи и 14 порази.

Интересно, неодамна и помладиот брат на Пау, Марк, од Западната се пресели во Источната конференција. Марк од Мемфис Гризлис замина во Торонто Репторс. Можно е браќата да се борат за титулата на Истокот, бидејќи Торонто се втори на табелата.

Scroll to Top