Американецот Маркус Пејџ го продолжил договорот со Партизан, соопшти клубот од Белград.
Пејџ кој поседува и пасош на Србија потпишал нов две годишен договор.
Плејмејкерот и во изминатите две сезоно го носеше дресот на Партизан. Со црно-белите два пати го освои Купот на Србија, а на почетокот на сезоната го освои и Суперкупот во АБА-лигата.
Сезонава во АБА-лигата Пејџ има просек од 10,7 поени и 48 отсто на реализација за три поени. Во Еврокупот во просек постигнува по 8,8 поени.
Партизан претходно ги продолжи договорите со Раде Загорац, Огњен Јарамаз и Вилијам Мозли.