Кошаркарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Ентони Дејвис, го повредил скочниот зглоб на натпреварот против Сакраменто Кингс (114:101).
Клубот не може да објави подетални информации во врска со сериозноста на повредата, бидејќи поради отокот не било можно кошаркарот да биде прегледан. Одговорот на прашањето кога Дејвис ќе се врати во тимот ќе го даде прегледот со магнетна резонанца.
Доколку крилниот цента ќе мора да отсуствува подолго време тоа ќе биде огромен хендикеп за Њу Орлеанс, бидејќи поради повреда на Ахиловата тетива, пред еден месец сезоната ја заврши партнерот на Дејвис од центарската линија Демаркус Казинс.
Предводен од Дејвис Њу орлеанс се наоѓа во серија од десет победи по што се искачи на четвртото место во Западната конференција.