Top Sport

Пеликанс се осмиот НБА тим со нов тренер ова лето

НБА тимот Њу Орлеанс Пеликанс се осмиот тим во најсилната светска кошаркарска лига што добива нов тренер ова лето. Тренерот Вили Грин добива шанса првпат да стане главен тренер на „пеликаните“.

Долгогодишниот НБА играч, а подоцна помошник-тренер во повеќе клубови добива шанса да биде главен кормилар на тимот во кој главната ѕвезда е младиот Зајон Вилијамсон.

Пеликанс на крајот на минатата сезона ја прекинаа соработката со Стен Ван Ганди по само една година, а цели 2 месеци бараа негова замена.

Грин изминатите 2 години беше дефанзивен координатор во Феникс Санс, а под негово водство тимот од Аризона ја имаше шестата најдобра одбрана во лигата.

Scroll to Top