Top Sport

Ѓоковиќ е најголемата ѕвезда во Олимпиското село – сите сакаат фотка со него

Несомнено е дека српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ е една од најголемите ѕвезди на ОИ во Токио. Освен од навивачите, тој има голем број фанови и меѓу другите спортисти во Олимпиското село, па многумна ја користат можноста за фотографија со него.

Судејќи по фотографиите кои осамнуваат на друштвените мрежи, а на кои го има и српскиот ас, на Ѓоковиќ по се изгледа не му е лесно ниту мирно да отиде на ручек.

Тој во првото коло на тенискиот турнир ќе ги одмери силите против Хуго Делиен од Боливија. Неговата крајна цел сигурно е златниот олимписки медал.

Scroll to Top