Top Sport

Пелистер им се врати на победите во кошаркарското првенство

Кошаркарите на Пелистер брзо заборавија на последните неуспеси во првенството и стигнаа до лесна и убедлива победа (60:79) над Куманово на гостински терен.

На полувреме гостите од Битола имаа минимално водство (31:33), но во продолжение покажаа зошто се лидери на табелата. Третиот период го отворија со голема серија (3:15) и поведоа со 34:48 по нецели пет минути од продолжението на натпреварот во Куманово.

До крајот разликата достигна и 20 поени (49:69) во корѕист на Пелистер, па лесно го приведоа мечот. Тандемот Малешевиќ – Кесар постигна повеќе од половина од поените (вкупно 41) за гостинската екипа, а во ослабениот состав на Куманово 2009, Андрејевиќ постигна 13, младиот Димитровски 12, а Глигоријевиќ 10 поени.

Scroll to Top