Пелистер лесно го победи ТФТ со 83:64 и стигна до нова победа во Суперлигата. Гостите од скопската населба Тафталиџе имаа сили за само едно полувреме. Битолскиот тим имаше минимална предност (44:41) по првите две четвртини.
Сепак, клучен беше третиот период кој битолчани го добија со 21:8 и ја обезбедија победата. По ова, пелистерци знаеја како да стигнат до триумф.
Игор Кесар со 26 поени беше најефикасен, а Бобан Стајиќ додаде 23 поени. Кај ТФТ, Мајкл со 14 поени и Николов со 13 поени беа најдобри поединци.