Пелистер успеа да го победи Шкупи со 80:73 во првото коло на новиот македонски шампионат, во меч на две екипи кои станаа прволигаши благодарение на проширувањето на Првата лига.
Пелистер, кој требаше да испадне минатата сезона, беше посилен во второто полувреме откако првото беше израмнето (37:37), додека за Шкупи ова е воопшто прв натпревар во елитата на македонската кошарка.
Ѓорѓи Анакиевски, капитенот на Пелистер, беше најефикасен со неверојатни 39 поени, Давков имаше 11, а Илиевски 10 поени. Кај поразените, Булатовиќ имаше 20 поени, додека Мемети уфрли 15.
За комплетирање на првото коло остануваат уште два натпревари. Фени Индустри го пречекува Гостивар додека Карпош Соколи викендов ќе гостува кај МЗТ Скопје Аеродром во првото големо дерби во лигата.