Top Sport

Пелистер славеше над Феникс прекинувајќи ја низата победи на скопскиот тим

Тимот на битолски Пелистер го победи скопски Феникс 2010 со 71:67 во првата средба од денешната програма во најсилната домашна кошаркарска конкуренција.

Во интересен меч во кој битолчани имаа прилично проблеми да ги совладаат гостите од Скопје на домашен терен, се изборија за 12. триумф во 17. натпревар во Првата лига. Тимот на Дервишевиќ бешт одличен во првите десет минути во кои резултатот беше 22-10 и го поттикна домаќинот во продолжението да ја смени тактиката.

Пелистер до паузата дојде до минус шест (31-37), а веќе по 30 минути водеше со 54:52.

Планиниќ со 21 и Маслинко со 15 поени беа први стрелци кај Пелистер, Џоунс со 24 се издвои на спротивната страна.

Scroll to Top