Top Sport

(Видео) Трајковски постави државен рекорд во скок во далечина

Фото: facebook/Andreas Trajkovski

Андреас Трајковски постави нов државен рекорд во скок во далечина. Во Истанбул, на 28 Балканско првенство во атлетика во сала Трајковски со скокот од 7,79 метри го освои сребрениот медал.

Рекордот, Трајковски го постави во последната, шеста серија, во која Хрватот Лука Чурковиќ не му дозволи да го освои златото. Скокот на Чурковиќ беше за два сантиметри подолг од оној на Трајковски.

Scroll to Top