Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, заедно со претседателите на кошаркарските федерации од екс-ју земјите присуствува на работен состанок во Љубљана, на покана и на иницијатива на Словенечкиот кошаркарски сојуз.
Покрај Перо Антиќ, претседателот на Словенечкиот кошаркарски сојуз, Матеј Ерјавец, ги нагости своите колеги и пријатели од кошаркарските федерации на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Хрватска.
На состанокот ќе се разговара на теми поврзани со регионалните лиги како и со претстојните избори во ФИБА (Европа).