Top Sport

Перо Антиќ: Нема индивидуалци, нема суети

Крилниот центар на Црвена звезда, Перо Антиќ, рекол дека тимската енергија и поддршката од трибините биле главните фактори за победата над Барселона 90:92 во Евролигата.

Црвена звезда со беспрекорна игра во одбраната во последните две и пол минути успеа да забележи победа над фаворизираната Барселона. Според Антиќ тимската енергија и нанвивачите ја направиле разликата.

Поранешниот македонски репрезентативец истакнал дека тројката која ја постигна во третата четвртина, кога на тимот му ја врати двоцифрената предност, била резултат на ситната провокација од противничкиот тренер.

Тој роговорил и за критиките кои тој и соиграчите ги добија по поразот во АБА лигата од Будуќност во Белград.

„Сите мора да знаеме како да реагираме во одредени моменти, а тоа се однесува и на нас искусните. Против Будуќност не знаев дека добив техничка грешка, мислев дека и јас и пртивникот добивме по лична грешка. Секоја треба да гине за тимот кога ќе влезе во игра. И да игра само една минута мора да ја знае својата улога на теренот. Нема суети, не постојат индивидуи, знаеме зошто сме донесени тука“.

Тој смета дека победата над Барселона своја потврда мора да добие в недела во Загреб, кога Црвена звезда ќе и гостува на Цедевита во АБА лигата.

фото/starsport

Scroll to Top