Top Sport

Пешиќ за новите правила: Тој Нахбар не е нормален

Тренерот на Барселона, Светислав Пешиќ, на прес конференцијата по натпреварот со Црвена ѕвезда, видно изнервиран зборувал за одлуките на Асоцијацијата на играчите од Евролигата.

Прв човек на ова тело е поранешниот репрезентативец на Словенија, кој дел од својата кариера минал и во Барселона, Боштјан Нахбар. Тој најавил усвојување на нови правила, според кои подготовките за наредната сезона ќе мора да започнат на 24 август.

„Тој не е нормален…Тој не знае дека ние сме во Европа, а не во НБА. Ние практично треба да ја преземеме формулата од НБА која не е добра. Замислите да започнеме да тренираме на 24 август, а Суперкупот се игра на 21 август. Сезоната започнува во последната недела од септември, а тој вели дека четири недели подготовки се доволни за сезона што трае десет месеци. Тој човек не е нормален“, рекол Пешиќ.

Барселона синоќа победи во Велград 73:65. Од почетокот на сезоната Барса има четири победи во исто толку натпревари во Евролигата.

Scroll to Top