Top Sport

Петта последовна домашна победа на Бостон, Минесота ги декласира Лејкерси

Минесота, Бостон, Чикаго и Атланта убедливо ги победија своите противници во НБА лигата.

Лејкерси доживеаја дебакл во дуелот со Минесота. „Волците“ славеа со 109:80. Ова е најмал број на поени што го постигнаа Лејкерси од 2017 година. Натпреварот беше решен во раната фаза, па тренерите им дадоа поголема шанса на играчите од клупата.

Џулиус Рендл со 18 и Руди Гобер со 17 поени и 12 скокови ја предводеа Минесота. Кај Лејкерси се истакна ДиАнџело расел со 20 поени. Леброн Џејмс постигна 10 поени, а Ентони Дејвис забележа 12 поени и 11 скокови.

Лејкерси имаат само две победи на последните седум натпревари.

Актуелните НБА шампиони, кошаркарите на Бостон Селтикс, ја извојуваа петтата последователна победа на домашен терен. Селтикс славеа в дуелот со Мајами Хит 108:89. Шампионите остварија клучна предност во втората четвртина, па на полувреме заминаа со водство од 60:45.

Џејлен Браун беше најефикасен кај Селтикси со 29 асистенции, Пејтон Причард додаде 25 од клупата, додека Хамес Џекез и Тајлер Херо постигнаа по 19 поени за Хит, а Џакез имаше и 10 скока. Со скор 17:4 Бостон е на второто место на истокот и во целата лига, подобар е само Кливленд со 18:3, додека Мајами падна под 50 отсто учинок и е на седмото место на истокот со 9:10.

Резултати:

Бостон – Мајами 108:89
Атланта – Њу Орлеанс 124:112
Минесота – ЛА Лејкерс 109:80
Чикаго – Бруклин 128:102

Scroll to Top