Top Sport

Пипен: Вилт Чембрлен е најдобриот во историјата

Поранешниот кошаркар на Чикаго Булс, Скоти Пипен, смета дека е грешка што луѓето се обидуваат да ги споредат Мајкл Џордан и Леброн Џејмс. Пипен, соиграч на Џордан, од златната ера на Чикаго Булс, изненади и со изјават дека ниту еден од овие двајца не е најдобриот во историјата.

„Ќе ви одговорам искрено и се надевам дека повеќе нема да одговорам на ова прашање. Погрешно е да се споредуваат Мајкл Џордан и Леброн Џејмс. Мајкл играше во ера кога кошарката беше поинаква“, рекол Пипен и продолжил.

„Од Мајкл никој, никогаш не бараше да го прави она што сега го прави Џејмс. Статистиката воопшто не е на страната на Џордан. Споредбата е неправедна и поради тоа што играат на различни позиции. Еден од нив е комбо-бек (Џордан), а вториот е крило (Џејмс). Секако тие се најдобрите во своите ери, а ние никогаш нема да дознаеме кој е подобар“.

Пипен смета дека ниту Мајкл, ниту пак Леброн се најдобри во историјата.

„Најдобар играч на сите времиња е Вилт Чембрлен. Кога станува збор за Џордан и Џејмс никогаш не би можел да ги споредувам. Тоа е исто како да ги споредувате со Карим-Абдул Џабар, а тоа не е фер“, рекол Пипен.

Scroll to Top