Top Sport

Французите ги започнаа подготовките, најпрвин ќе го билдаат тимскиот дух

Француските репрезентативци се едни од фаворитите на претстојното Светско првенство во Русија, а самите се свесни дека огромниот талент што го има Франција, нема да им биде доволен за да се вмешаат во борбата за трофејот.

Франција, во своите редови има голем број на ѕвезди, но искуството од минатото им покажува дека само тоа не е доволно да се стигне до трофеј на големите натпреварувања.

Селеторот Дидие Дешам и играчите нема да се потрпат само на талентот, поради што веќе ги започаа подготовките за мундијалот.

„Триколорите“ се собраа вчера во Клерфонтејн и веднаш започнаа да го градат можеби и клучниот фактор за успех, тимскиот дух.

Антоан Гризман, Пол Погба и Килијан Мбапе го предводеле велосипескиот карван низ локалната шума на стартот на подготовките за Светското првенство.

Франција, во првата фаза на СП е сместена во Ц-групата, заедно со Данска, Австралија и Перу.

Мундијалот во Русија ќе започне на 14.јуни со натпреварот помеѓу домашната селекција и Саудиска Арабија. Титулата ја брани репрезентацијата на Германија.

Scroll to Top