Кошаркарите на Голден стејт Вориорс изборија пласман во конференциското полу-финале со победата над ЛА Клиперс, во Лос Анџелес 129:110. Вориорс серијата против Клиперс ја добија со 4-2
Кевин Дурент одигра нестварен меч, особено во првото полувреме, а Дрејмонд Грин забележа трип-дабл во победата на актуелните шампиони.
Дурент постави личен плеј-оф рекорд, тој постигна 50 поени, 38 во првото полувреме, од поле шутираше 12/17. Грин имаше учинок од 16 поени, 14 скока, 10 асистенции и 4 бликади. На овие двајца им се приклучи Стеф Кари со 24 поени и по шест скока и асистенции.
Кај Клипер се истакнаа Данило Галинари со 29 поени и Шај Гилџус-Александер со 22 поени.
Вориорс во наредната рунда ќе играат против Хјустон Рокетс. Минатата сезона овие два тима играа во конференциското финале, а Вориорс славеа со 4-3.