Top Sport

Плејмејкерот Фокс за корона-искуството: Како камион да ме прегазил!

Плејмејкерот на НБА тимот, Сакраменто Кингс, 24-годишниот Дајрон Фокс изјави дека бил заразен со Ковид 19, но не поминал баш најдобро со опасниот вирус.

„Како да ме прегазил камион, плус и силна главоболка, болки во коските, дехидрација, истоштеност“ објасни кошаркарот.

Ниту еден НБА тим не може да открие позитивен тест на свој кошаркар без одобрение од лигата, па тоа доведе до конфузија во најсилната кошаркарска лига во светот.

Фокс нема настап за Кингси од 21. април.

Scroll to Top