Top Sport

По Дивац, од Сакраменто си оди и неговиот асистент Пеџа Стојаковиќ

Неодамна стигна веста од главниот град на Калифорнија дека Владе Дивац по цели 5 години во Сакраменто Кингс поднел оставка на местото генерален менаџер во клубот.

„Имав чест и привилегија да бидам генерален менаџер на Сакраменто. Кингси засекогаш ќе имаат посебно место во моето срце и им посакувам се најдобро во иднина“ – се вели во соопштението на Владе Дивац.

По неговите стапки тргна и неговиот асистент, екс-кошаркарот Предраг Стојаковиќ.

Дивац во 2015 година ја презема функцијата кај Кингси, па набрзо потоа Стојаковиќ стана дел од неговиот тим.

Напуштањето на позицијата следуваше по новиот резултатски неуспех на Сакраменто

„Ми беше задоволство но и чест да работам во Управата на Кингси овие 5 години. Сакам да му се заблагодарам на клубот, а пред се на неверојатните навивачи ширум светот за повеќегодишната поддршка. Сакраменто засекогаш ќе е мојот дом и на клубот му посакувам само најдобро“ – порача Пеџа Стојаковиќ.

За потсетување, Кингси ја завршија сезоната со скор 31-41 и 14-пат во низа не успеаја да се пласираат во плеј офот во НБА лигата.

Scroll to Top