По елиминацијата во плејофот од Денвер нагетс, Финикс санс го отпуштија тренерот Монти Вилијамс по четири сезони на чело на клубот.
Новиот газда на клубот, Мет Ишбија ја направил одлуката веднаш по елиминацијата и му се заблагаодарил на човекот кој успеа да ги трансформира Санси од еден од најслабите тимови во лигата до тимот со најмногу победи во последните три сезони во НБА лигата. Но, неговата улога стана нестабилна во февруари по зделката за Кевин Дурент во февруари, веднаш откако Ишбија стана газдаа на клубот.
Покрај Санс, без тренери на крајот на сезоната останаа и Торонто репторс, Милвоки бакс и Детроит пистонс.