Top Sport

„По кој основ МЗТ бара враќање на парите“

Кошаркарската федерација на Македонија (МКФ) испрати одговор до кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродорм по барањето на клубот да му бодат вратени парите што биле уплатени од почетокот до прекинот на сезоната. МЗТ бараат МКФ да им врати сума од нешто повеќе од 17.000 евра. Клубот од Аеродорм се закани дека доколку парите не им бидат вратени во рок од три дена тогаш ќе поднесе кривична пријава против овластеното лице во Федерацијата, односно против претседателот Перо Антиќ.

На ова барање МКФ одговори со соопштение кое го објави на својата интернет страница. Соопштението е потпишано од претседателот Перо Антиќ.

Во дел од соопштението се вели дека МКФ не може да го спречи МЗТ да поднесе кривична пријава и дека тие се подготвени за против-удар. МКФ барањето на МЗТ го оценува како неосновано и конфузно. Не им е јасно по кој основ МЗТ бара да му бидат вратени парите: „дали затоа што опаднал основот за уплата на истите, дали затоа што е сторена некоја измама од некого или затоа што била злоупотребена службената положба!?“.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на МКФ.

фото/ mztskopjeaerodrom.mk

Scroll to Top