Top Sport

Раул кандидат за тренер на Шалке

Фудбалскиот клуб Шалке веројатно ќе му врачи отказ на тренерот Давид Вернер. Шалке се во серија од четири порази во Бундеслигата, поради што речиси и да немаат шанси да се пласираат во европските купови.

Во Германија се шпекулира дека можен наследник на Вернер е Раул Гонзалес Бланко. Легендарниот напаѓач на Реал работи како тренер во Б-тимот на „кралскиот клуб“.

Раул две сезони во кариера минал во Шалке. Од јуни минатата сезона го предводи Реал Мадрид Кастилја во шпанската трета лига.

Раул за Реал играл 16 сезони (1994-2010), а за Шалке во последните две сезони во Европа настапил на 98 натпревари на кои постигнал 40 голови.

По заминувањето од Бундеслигата и Европа играл во Катар и САД.

За Шпанија одиграл 102 натпревари, постигнал 44 голови.

Scroll to Top