Кошаркарите на Атланта Хокс и Њу Орлеанс Пеликанс останаа во трката за пласман во плејофот во своите конференции. Атланта го декласираше Шарлот со 132:103, а Њу Орлеанс славеа над Сан Антонио со 113:103.
Атланта до победата над Шарлот го предводеа Тре Јанг со 24 поени и 11 асистенции, Деандре Хантер со 22 поени, Данило Галинари со 18 поени и Клинт Капела со 15 поени и 17 скокови.
Кај Шарлот се истакна Ламело Бол со 26 поени, пет скока и осум асистенции.
Атланта за осмата позиција на Истокот ќе се борат со Кливленд Кавалирс. Победникот од овој дуел во првото коло, во плејофот ќе игра против Мајами Хит.
Пеликанс релативно лесно ја однесоа победата против Сан Антонио. Пеликанс на почетокот на последниот период имаа водство 96:75, Спарс успеаја да се вратат во натпреварот со серијата 16:1, но не можеа да го спречат поразот.
Си-Џеј Мекалум ги предводеше Пеликанс со 32 поени, седум скока и шест асистенции, Брендон Инграм забележа 27 поени, а Јонас Валанчунас 22 поени и 14 скокови.
Њу Орлеанс за осмото место на Западот ќе игра против ЛА Клиперс, победникот во плејофот оди на Финикс Санс.