Легендарниот кошаркарски тренер Боб Најт почина на 83-годишна возраст.
Најт има 902 победи во кариерата, повеќе од кој било тренер во колеџ кошарката.
Тој беше познат по својот незгоден темперамент, во кариерата удри полицаец, фрли стол на теренот, а беше обвинет дека „давел“ играч.
Кариерата ја започна во армијата во 1965 година, кога на 24 години стана најмладиот тренер во првата лига, а голема трага остави во Индијана каде помина 29 години.
На универзитетот Тексас Тек пристигна во март 2001 година, шест месеци откако беше отпуштен во Индијана поради, како што е наведено „неприфатливо однесување“. Во септември тој го продолжи договорот на три години, до сезоната 2011/12. Пет Најт беше именуван за наследник на неговиот татко во 2005 година.
Но, тој никогаш не ги прекршил правилата на американските колеџи, најголем дел од неговите студенти се стекнале со дипломи, а еднаш дури и ја вратил платата, затоа што оценил дека не ја заслужува.