Поранешниот НБА кошаркар, Боб Лание, почина на 74-годишна возраст. НБА лигата соопшти дека тој починал по кратко и тешко боледување. Лание е запаметен како еден од најдоминантните центри во неговата ера, во која играше и Карим Абдул-Џабар. Поголемиот дел од својата кариера го помина во Детроит Пистонс, кои го избраа како прв пик во 1970 година.
Никогаш не ја освои титулата, но стана член на „Куќата на славните“ на кошарката. Осум пати беше избран во Ол-стар тимот, а еднаш беше и МВП на Ол-стар натпреварот. Тој постигнуваше 20 поени во просек низ кариерата и имаше по десет скока. Кариерата ја заврши во Милвоки Бакс.
По пензионирањето, тој беше помошник тренер во Голден Стејт Вориорс, а подоцна водеше 37 натпревари како главен тренер. Стана амбасадор на НБА лигата и еден од главните иницијатори на кампањата „Остани во училиште“.