Еден од најтрофејните хрватски кошаркари на сите времиња, легендата на Југопластика и југословенски репрезентативец Дамир Шолман почина по долго боледување на 74.годишна возраст.
Загрепчанецот кариерата ја започна во Младост, но речиси целата негова кариера од 1968 до 1983 година, освен една година во Италија, ја помина во редовите на Југопластика
Со жолтите од Сплит освои две титули во југословенското првенство, три купа и два купа Радивој Кораќ. Играше и едно финале во Купот на куповите.
Тој до денес е најдобриот стрелец во историјата на клубот од Грипе со 5783 поени.
Со репрезентацијата на Југославија двапати беше европски првак, еднаш светски шампион, двапати олимписки и еднаш светски вицешампион, а има и две злата од Медитеранските игри.