Top Sport

Почина кошаркарот на Мемфис Брендон Кларк

Кошаркарот Брендон Кларк, крилен центар на тимот на Мемфис Гризлис, почина на 29-годишна возраст, објави неговата агенција „Прајорити Спортс“. Не се соопштени причините за смртта.

Кларк беше избран oд 21-то место на НБА драфтот во 2019 година, по ја започна својата кариера во Мемфис. Целата своја седумгодишна НБА кариера ја помина со Гризлис.

Во текот на сезоната 2025/26, тој одигра само два натпревари. Го пропушти почетокот на сезоната додека се опоравуваше од повреда на коленото, а потоа повреда на листот во декември го натера да го пропушти остатокот од сезоната.

Кларк беше уапсен на 1 април во Крос Каунти, Арканзас, и обвинет за трговија и поседување контролирана супстанца, бегство со голема брзина и незаконско претекнување. Еден ден подоцна беше ослободен со кауција.

Во 2025 година, тој ја основа Фондацијата Брендон Кларк, со цел да им помогне на семејствата погодени од трагедии, мајките и другите низ целиот Мемфис.

Пред да дојде во Мемфис, канадскиот центар играше на универзитетите Сан Хозе Стејт и Гонзага.

Заедно со Џа Морант, Кларк беше играчот со најдолг стаж во Мемфис Гризлис.
ТЕО ХЕРНАНДЕЗ (28), левото крило на Саудиски Ал-Хилал и француската

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');