Top Sport

Почина легендарниот Бора Станковиќ

Бора Станковиќ, долгогодишен генерален секретар на Светската кошаркарска организација и член на Интернационалниот олимписки комитет, почина во Белград на 95 годишна возраст.

Целиот свој живот Станковиќ ѝ го посветил на кошарката. Бил играч на Црвена звезда и Партизан од 1946 до 1953 година, како тренер до 1970 година ги предводел Партизан, Канту и ОКК Белград.

Како играч и тренер во Југославија ти пати бил шампион, а има и титула во Италија.

Сепак најзначајниот дел од неговата кариера претставува работата во ФИБА, бил генерален секретар на оваа организација од 1976 до 2002 година.

Во текот на неговото владеење кошарката се трансформира во еден од најпопуларните спортови на планетата.

Во неговиот мандат НБА играчите добија дозвола да играат на светските првенства и олимписките игри. Во неговата ера се сменети неколку правила: воведена е линијата за три поени, сменети се димензиите на теренот, наместо полувремињата се воведени четвртини.

Течно зборувал шест странски јазици, во 1991 година е примен во Куќата на славните во Спрингфилд, а во 2007 година и во Куќата на славните на ФИБА.

Вкупно учествувал на 28 европски, 14 светски првенства и 14 олимписки игри.

Scroll to Top