Top Sport

Почина Пол Сајлас, трикратен НБА шампион и долгогодишен тренер

Пол Сајлас, член на три различни НБА шампионски тимови како играч и прв тренер на Леброн Џејмс во лигата, почина на 79 години, потврди неговото семејство, преку Хјустон рокетс, каде што неговиот син, Стивен работи како дел од тренерскиот тим.

Сајлас ја почна својата кариера како тренер со тогашните Сан Диего Клиперс во 1980 година, а откако помина цела деценија како помошник-тренер, работеше и во Шарлот хорнетс, Њу Орлеанс хорнетс, Кливленд кавс и Шарлот бобкетс.

Како кошаркар, Сајлас помина 16 сезони во НБА лигата во Сент Луис и Атланта хоукс, Феникс, Бостон, Денвер и Сиетл. Тој освои две титули со Селтикс и трета со Сиетл суперсоникс.

Scroll to Top