Ѕвездата на Лос Анџелес клиперс, Пол Џорџ има скинати лигаменти во десниот лакт, потврди неговиот тим, објавувајќи дека ќе биде прегледан за 3-4 недели, по што ќе се утврди дали ќе мора да оди на операција.
Џорџ имаше проблеми со десниот лакт од 2018 година, и овој месец пропушти две недели акција поради истиот проблем. Сега, по само два меча, тој ќе пропушти најмалку 15 дуели на Клиперс.
31-годишниот Џорџ е лидер по поени (24) и асистенции (5.5) по натпревар, откако постигна 17 поени во 32 минути при победата над Сакраменто во средата. Клиперси се трети во Пацифик дивизијата со 17-15 скор.