Top Sport

Полицаецот што го снимил Вест суспендиран од работа (Видео)

Полицијата на американската сојузна држава Мериленд објави дека е суспендиран полицаецот што го снимил видеото во кое поранешниот НБА кошаркар Делонте Вест одоговара на неговите прашања.

Вест, гол до појас и врзан со лисици седи на тротоарот и одговара на неговите прашања. Видеото молскавично се рашири по социјалните мрежи, а по спроведената истрага е објавено дека полицаецот е суспендиран од работа.

Инаку по ова видео на социјалните мрежи се појави уште едно видео на кое се гледа како човек на улица со тупаници го удира поранешниот кошаркар.

Делонте Вест во периодот од 2004 до 2012 година играл во НБА лигата за Бостон, Сиетл, Кливленд и Далас. Во 2008 година беше дел од тимот на Кливленд кој го загуби финалето во Источната конференција. Играл за Фуџијан и Шангај во Кина, а кариерата ја завршил во развојната лига во Тексас Леџендс.

Вест уште во 2009 година имал проблеми со законот кога полицијата кај него нашла пушка и два пиштоли. Една година претходно било востановено дека има биполарно пореметување.

Играл со Леброн сега е бездомник, алкохоличар и наркоман (Видео)

Scroll to Top