Top Sport

Полицијата тврди дека имало девет лица во хеликоптерот, именувани само Коби и неговата ќерка

Полицијата на Лос Анџелес на официјална прес-конференција даде првични детали за хеликоптерската несреќа во која загина НБА ѕвездата Коби Брајант.

Според полицијата  во хеликоптерот имало девет луѓе, а не пет како што беше првично соопштено, но ги именуваа само Коби и неговата 13-годишна ќерка Џиџи, велејќи дека е прерано да се дадат други информации.

Тие исто така го нападнаа веб-сајтот „ТМЗ спортс“ за објавувањето на информацијата за смртта на Брајант пред трагичната вест да се соопшти на семејството.

Scroll to Top