Top Sport

Полонара од Фенербахче се сели во Ефес

Италијанскиот репрезентативец, Акиле Полонара, играч на Фенербахче, кариерата ќе ја продолжи во редовите на големиот ривал, Анадолу Ефес. Полонара во редовите на двократниот последователен европски шампион Ефес ќе дојде за да го пополни местото на Крис Сиглтон.

Полонара претходните денови се поврзуваше со Виртус од Болоња, се очекуваше крилниот центар да се врати во татковината ,но сепак ќе остане во Истанбул и дресот на Фенербахче ќе го замени со Ефес.

Италијанецот има уште една година од договорот со турскиот шампион, што значи дека европскиот првак ќе мора да му плати обесштетување на најголемиот ривал.

202 сантиметри високиот крилен центар минатата сезона забележа 7,8 поени и 4,7 скока по натпревар во Евролигата, со Фенер ја освои титулата во турското првенство.

Scroll to Top